Меѓународен Конкурс: Распишан од UNDP-Берово
Архитектонски проект: Библиотека-Медиатека
Концепт
Формата како дизајн треба да претставува емисар на значењето. Нејзината сингуларност е дефинирана преку материјалната природа, додека универзалноста мора да се постигне преку логичните врски кои се остваруваат помеѓу содржината и начините на користење.
Оваа „не-форма“ по својата природа е екстровертна. Таа ги објаснува нејзините чинители (процеси и движења) и истовремено ги стимулира интеракциите во различни размери, притоа создавајќи настани преку кои се идентификува. Така добиваме динамична интерпретација на идејата за форма а не обратно форма за идеја.
Максималната пермеабилност на приземјето ги стимулира тие релации, наспроти структурната стбилност на катот кој е одраз на уни-димензионалниот карактер на „не-формата“.
Ако во дефинирањето на формата „не-форма“, се земе и празнината како елемент, се потенцира овој оперативен суб-систем на динамички процеси на ограничување на просторот.
Меѓународен Конкурс: | Распишан од UNDP-Берово |
---|---|
Архитектонски проект: | Библиотека-Медиатека |
Автори: | Нора Арсовска Георгиевски, Биљана Спиркоска, Стефан Георгиевски, Стефан Лазаревски |
Инвеститор: | УНДП |
Година: | 2007 |
Место: | ул.Задарска КП 1177, Берово |