Меѓународен Конкурс: EUROPAN 9, Одржлив град и нови јавни простори
Урбанистички проект: Реструктуирање на постоечкото пристаниште со куќи-бродови во Гронинген, Холандија
Концепт
Дигитализираните шеми од ленти создаваат активен информациски пејзаж (landscape) кој обезбедува сервиси на различни нивоа. Нормиран распоред, програмиран исто колку и флексибилен, способен за ткаење на метаполитански мустри на живот кадешто коегзистенцијата на настани, врски во програмска и временска рамка e суштинска за да се обезбеди различност.
Отворената комбинација, ниту егзактна ниту репетитивна, хомогена во својата форма и хетерогена во својата програма, генерира секвенци на ритмичка тензија кои се однесуваат на варијаблата-простори и временски вдлабнатини меѓу различни акции.
Трансформацијата на рамната површинаво лентовидна површина, појачана со пикселираниот информациски додаток, обезбедува, пропустливост во различни насоки: едната да ја поддржи издигнувачката вредност на самиот залив низ наслојување на програмски содржини и случувања и другата да се фрагментира силниот идентитет којшто лентовидната мрежа тежнее да го има.
Системот на лонгитудални ленти кои се закривуваат за да оформат серија од високи форми е скротена од движењето во спротивна насока. На тој начин се оформува мрежа од пиксели, базирана повеќе на програматски отколку формален контекст.
Исходот е комплексна шема од пиксели и линии. Првите (пикселите) ја зголемуваат интеракцијата на различни фронтови, додека вторите (линиите) воспоставуваат силна врска меѓу претходните.
Мешавина од намени
Таканаречените атрактори како што се: продавници, кина, театри, отворени арени, спортски содржини и сите други потребни намени се позиционирани долж главната сообраќајница, за да се промовира пешачкото навлегување во урбаниот коплекс. Дополнително, брегот на заливот е ревитализиран и трансформиран примарна пешачка зона, заедно со шеталиштето долж реката Ханзе. Вклучувајќи ги и зелените појаси кои се јавуваат како тампон зона помеѓу трансфериумот, целата локација има различни рекреативни зони кои одговараат на потребите на жителите. За да се заштити локацијата од главниот пат, поставена е метална конструкција, која обезбедува цврста подлога за вегетацијата и преод од природната кон изградената средина на локацијата. Оваа метална мрежа за рекреативни цели исто така.
Диверзитет во домувањето
Главнаа мрежа е составена од домување и јавн сервисни ленти кои се преплетуваат една врз друга. За да се обезбеди слободено приземје и слободен пристап до секоја лента, тие имаат тендеција да се превиткуваат, издигнувајќи се и формирајќи структура во форма на чешел. Висината на овие згради варира од П+3 до П+11 со цел да се оформат фокални точки и репери за целата околина во ткивото на Гронинген. Предчувствувајќи го заливот и Холандската традиција да се живее на вода, се оформува плутачка населба која го отсликува постоечкиот вернакуларен стил на живеење. Силна врска се воспоставува со шеталиштето и локацијата на традиционалните куќи-чамци. Конечно, според програмските барања се обезбедуваат различни станбени единици: куќи-чамци (пловечки куќи), плутачки куќи, двокуќи, куќи во низ, станови, и дури единечни куќи со поглед на вода. Структурата на системот обезбедува лесен пристап за кавтомобили и пешаци, правејќи ја околината пријателска (пристапна) за постари луѓе и фамилии.
Меѓународен Конкурс: | EUROPAN 9, Одржлив град и нови јавни простори |
---|---|
Урбанистички проект: | Реструктуирање на постоечкото пристаниште со куќи-бродови во Гронинген, Холандија |
Автори: | Дивна Пенчиќ, Биљана Спиркоска, Нора Арсовска Георгиевски, Стефан Георгиевски, Стефан Лазаревски, |
Инвеститор: | ЕУРОПАН |
Година: | 2007 |
Место: | Гронинген , Холандија |