Име на проектот: Надзор на занаетчиски и градежни работи при изведба на Тренинг Центар на Прокредит Регионална Академија на Источна Европа на Велешко Езеро
Инвеститор: Друштво со ограничена одговорност за едукација Прокредит Регионална Академија Источна Европа
Опис на проектот
Тренинг Центарот на Прокредит РА ИЕ е комплексен објект-времено домување кој се состои од повеќе типови содржини карактеристични за ваков тип на објекти. Целта на проектот е да се изработи објект од затворен тип кој на посетителите ќе им овозможи услови за непречено одвивање на обуки, исхрана и релаксација во рамки на комплексот.
Во подрумот се организирани содржини за одмор и релаксација како теретана, сауна, турска бања, џакузи.
На приземјето се организирани сите содржини потребни за одржување на обуки, администрација и прехрана.
На катот е организиран делот за сместување на посетителите.
Име на проектот: | Надзор на занаетчиски и градежни работи при изведба на Тренинг Центар на Прокредит Регионална Академија на Источна Европа на Велешко Езеро |
---|---|
Инвеститор: | Друштво со ограничена одговорност за едукација Прокредит Регионална Академија Источна Европа |
Надзорен Орган: | Бонор инженеринг |
Година: | 2008 |
Место: | Бела Вода, Езеро Младост-Велес |