Ненкалаја-Подкалаја

1-urbanisticki plan

Конкурс

Предложениот концепт е резултат на суперпонирање на различни слоеви произлезени од анализите на постојната структура. Решението ги соединува слоевите на историската, уметничката и комерцијланата оска кои ги соединуваат најважните точки на активности, слојот на соображај и физичка структура.

Главната идеја е што е можно повеќе планот да се приспособи на постоечката планиметрија на соседството, да се вклопат објекти кои се лесно прилагодливи, да се подобри сообраќајот и целата слика кон тврдината. 48% од старите објекти се интегрирани во предложениот концепт.

Предложена е подобрена сообраќајна мрежа, која ќе може подеднакво да ги снабдува сите парцели, произлезени од постојните пешачки патеки и физичка структура на опкружувањето од историската зона.

Урбанистичкиот зафат кој се третира со ова решение е поделен на три дела (ленти) кои ја пратат природната конфигурација на теренот.

Првата зона која се простира веднаш до брегот на реката има најблаг пад и има максимална изграденост. Неговиот континуиран уличен фронт го дефинира кејот кадешто приземниот дел од објектите е наменет за комерцијални содржини. Во оваа лента предложен е компактен урбан блок (вид на мегаструктура) чија специфична форма е добиена со одземање.Кејот и празнините добиени со одземање се предвидени како полујавни и јавни отворени простори за социјална интеграција. Парцелацијата се поклопува со постојната. Како прва контактна зона кон реката, обезбеден е процент на изграденост 80-100%. Оваа зона вклучува комерцијални, јавни содржини и домување.

Втората зона која се протега помеѓу двете станбени улици, има полесна структура и има за цел да го воведе погледот постепено кон врвот. Оваа зона се состои од куќи во низ кои нудат друга морфологија. Меѓусебно поврзани со додавање, објектите формираат низи кои се протегаат долж изохипсите на теренот.

Третата зона која е поставена највисоко е составена од самостоечки објекти, со најмал процент на изграденост и поголема екслузивност, која куди повисок квалитет на живот.

Постепено намалување на густината на физичката структура е сликата која ја нуди овој концепт. Со висината на ридот, волуменот на објектите постепено се разредува и претпува во зелената маса на шумата.

Планот кој е преложен може лесно да се прочита и препознае во сликата на градот.

Останати проекти