Пренамена на деловен простор од катна гаража во детска градинка

Gradinka

Име на проектот: Пренамена на деловен простор од катна гаража во детска градинка

Инвеститор: Министерство за финансии на Република Македонија

Година на изведување: 2015

Место: Скопје

Опис на проектот

Во склоп на катната гаража лоцирана на Ул.„Даме Груев“ во Скопје се изврши пренамена од деловен простор, катна гаража во детска градинка. Градинката се состои од 4 посебни единици и е поврзана со две постоечки вертикални комуникации, кои водат од приземјето до првото ниво, каде што е лоцирана детската градинка.

Предвидиден се три влеза преку внатрешниот коридор, од кој едниот е за персоналот вработен во градинката, додека пак другите два влеза се за децата кои ќе престојуваат во неа.

Во административниот дел предвидени се просторија за раководител, просторија за воспитувачи, просторија за изолација на болни деца и посебен санитарен јазол. Делот за престој на деца е предвиден како две групации, составен од претпростор, санитарен јазол и занимална, чиј што капацитет е за 20 деца. Меѓу двете занимални е предвиден заеднички простор за дружење и едукација на децата.

Беа преземени следниве интервенции:
– Рушење на преградни ѕидови од постоечки тоалети;
– Демонтажа на врати и санитарни елементи и сл;
– Изработка на нови преградни ѕидови, подови, врати, санитарии, парапетни облоги и сл;
– Корекција на постоечки инсталации и опрема за вентилација, греење и ладење, електрика, водовод и канализација.

Име на проектот: Изведба на станбено-деловен објект – Старо Водно
Инвеститор: Министерство за финансии на Република Македонија
Година: 2015
Место: Скопје

Останати проекти