Име на проектот: Реконструкција и надградба на Железничка станица, Скопје
Инвеститор: Централно финансирање и склучување на договори- ЦФСД (Министерство за финансии на РМ)
Надзор: АРС Прогети СПА Италија
Година на изведување: 2014/2015
Место: Скопје
Опис на проектот:
Со реконструкцијата и надградбата на Железничката станица, Скопје се изврши зголемување на техничките стандарди и капацитети со цел подобрување на севкупниот квалитет на услуги за патниците.
Целта на овој зафат беше да се изврши рехабилитација и надградување на железничката станица подобрувајќи ја пристапноста, сигурноста/безбедноста како и информативниот систем на железничкиот сообраќај за сите патници.
Согласно предвидените конструктивни работи беа извршени следниве градежни работи
– Подигање на нивото на перонската платформа;
– Поставување на два нови лифта од приземјето до горната перонска платформа;
– Поставување на два нови ескалатори од приземје до мезанин
– Адаптирање на дел од билетарите
– Поставување на нови влезни портали
– Адаптирање на два постоечки скалишни крака од мезанинот до платформата со нови челични скалишни краци и
– Рехабилитација на тоалетите.
Име на проектот: | Реконструкција и надградба на Железничка станица, Скопје |
---|---|
Инвеститор: | Централно финансирање и склучување на договори - ЦФСД (Министерство за финансии на РМ) |
Надзорен Орган: | АРС Прогети СПА Италија |
Година: | 2014/2015 |
Место: | Скопје |