Реконструкција на Полициска Станица Тетово

tetovo-01

Име на проектот: Реновирање на Полициска Станица Тетово

Инвеститор: Делегација на Европска Комисија


Опис на проектот

Главната цел на проектот е да се подобрат работните услови во полициската станица, со посебно внимание на притворот, во согласност со ЕУ стандрадите и неодамна усвоениот Закон за Полиција.

Врз база на изработениот проект, целосното реновирање на објектот и околината, ги вклучува следните активности:

  • Рушење/демонтажа на постојни елементи од објектот како: изработка на отвори за нови врати, одстранување на прегради, демонтажа на прозои, врати, подови, делумно оштетен малтер на ѕидовите, кров, електрика, машински и водоводни инсталации, постојни огради и врати, бетонско поплочување.
  • Подополагачки работи: сите канцеларии, коридори, тоалети и главни скали се обложени со порцелански плочки
  • Ѕидови: Тоалетите се обложени со порцелански плочки и епоксиден премаз во притворот и сите простории.
  • Прозори: Сите прозори со алуминиумски профили со термопан стакло на приземјето и катовите. Во притворот прозорите се изведени од метални профили со сигурносно стакло
  • Фасада: Во согласност со енергетската ефикасност, фасадата е обложена со КСИНТИ
Име на проектот: Реновирање на Полициска Станица Тетово
Инвеститор: Делегација на Европска Комисија
Надзорен Орган: ИЦ Консулентен-Австрија
Година: Декември 2009-Јуни 2010
Место: град Скопје

Останати проекти