Станбен Објект – Нобелова

objekt-nobelova-01

Име на проектот: Изведба на станбен објект – Тафталиџе

Инвеститор: Приватен


Опис на проектот

Објектот е изведен како станбен 2004 година. Со коса рампа се предвидува влез на возилата во паркинг просторот сместен во подрумот. Истиот опфаќа, покрај површината под објектот и дел од дворот кон северната страна и се наоѓа на длабочина од 120 см под теренот. Предвидени се шест паркинг места.

На приземјето, катот и подкровјето се изведени по 2 стана на подест односно вкупно 6 со големина. Организацијата на становите во однос на распоред на просториите е идентична. На северната страна се сместени по две спални соби, на јужната страна е ориентиран дневниот боравок со кујната и трпезаријата и бањата е сместена бочно во средишниот дел. Вертикалните комуникации се одвива преку заеднички централно поставени двокраки скали.

Конструктивниот систем на објектот е армирано – бетонски скелет од вертикални армирано-бетонски столбови и хоризонтални греди поврзани со меѓукатна армирано-бетонска крстата плоча во димензии кои ќе ги даде статичкиот дел од проектот.

Име на проектот: Изведба на станбен објект – Тафталиџе
Инвеститор: Приватен
Надзорен Орган: Инком инженеринг
Година: 2004
Место: ул.Нобелова 12 а, Тафталиџе

Останати проекти