Станбено-деловен објект – Старо Водно

objekt-vodno-01

Име на проектот: Изведба на станбено-деловен објект – Старо Водно

Инвеститор: Приватен


Опис на проектот

Објектот во основа на приземје е со димензии 9,3 х 15,00 м со еден дел вовлечен, кај рампата за влез на возила во подрумскиот дел.

Со коса рампа се предвидува влез на возилата во паркинг просторот сместен во подрумот. Истиот опфаќа, покрај површината под објектот и дел од дворот кон јужната страна и се наоѓа на длабочина од 120 см под теренот. Предвидени се осум паркинг места. Една просторија се планира да биде помошна просторија која ќе има пристап и од надворешната страна преку скали од јужната страна (од улица).

На приземјето, катот и подкровјето се предвидени по 2 стана на подест односно вкупно 6 со големина од 49 м2 до 65 м2. Организацијата на становите во однос на распоред на просториите е идентична. На јужната страна се сместени по две спални соби, на североисток е ориентиран дневниот боравок со кујната и трпезаријата и бањата е сместена бочно во средишниот дел. Вертикалните комуникации се одвива преку заеднички централно поставени двокраки скали.

Конструктивниот систем на објектот е армирано – бетонски скелет од вертикални армирано-бетонски столбови и хоризонтални греди поврзани со меѓукатна армирано-бетонска крстата плоча во димензии кои ќе ги даде статичкиот дел од проектот.

Подкровјето е решено со отворени баџи (на југ три и на север две) кои излагаат од сводестиот елипсовиден кров.

Име на проектот: Изведба на станбено-деловен објект – Старо Водно
Инвеститор: Приватен
Надзорен Орган: Инком инженеринг
Година: Септември 2009 – Ноември 2010
Место: Старо Водно - Скопје

Останати проекти