Занатски дом

Занатски Дом

Покана за поднесување понуди: за Изработка на основен проект за адаптација и санација на Занаетчискиот дом во Куманово.

Архитектонски проект: Адаптација и санација на Занаетчискиот дом во Куманово.- фаза Архитектура, Електрика, Машинство, Водовод и Канализација

Автори: БОНОР Инженеринг- Нора Арсовска, Стефан Георгиевски со ТАЈФА Архитекти – Биљана Спиркоска, Стефан Лазаревски

Инвеститор: Општина Куманово

Година: Април 2010

Место: плоштад, општина Куманово

 

Концепт

Постоечкиот објект е По+Пр+3 со димензии 38.60м на 15.95м и има речиси правоаголна форма. Предмет на интерес на понуденото идејно решение е дел од објектот кој се развива низ делови од приземјето и трите ката на површина од 641,28м², а со кој во моментот стопанисува Општина Куманово. Делот од објектот кој е предмет на интерес е во лоша (руинирана) ентериерна и екстериерна постоечката состојба, и носи белези на просторната организација (подиум, сцена, шанк, тоалети)   која соодетствувала со неговата последна пренамена- диско клуб. Објектот е вон употреба неколку години, што дополнително го забрзало процесот на руинирање.

Со адаптација на просторот се реорганизира просторот со нови содржини согласно проектната програма дадена од инвеститорот.

Влезниот приземен дел на разработениот дел од објектот се организира во приземјето од западната страна од улица “Плоштад Нова Југославија” и е организиран на површина од 25.50 м². На наведената површина се организира ветробрански простор од 3.20 м² од кој се пристапува до гардероба и просторот за чуварска служба сместени во потскалишниот простор на површини од по 6м² секој. Останатата квадратура од влезниот дел опфаќа приемен информативен пулт. Ѕидовите на скалишните краци со широчина од 150 см се искористени за тематски галериски изложби.

Со предложената адаптација, на просторот на првото ниво се организира фоаје, свечена сала со потребните пратечки содржини (простор за складирање на материјали, тоалети за публика, кујна, сцена, кулиси, тераса).

На второто ниво согласно барањата на инвеститорот се организираат фоаје, галерија, кабина за преведување со потребните пратечки содржини.

На третото ниво во кулите се организираат простории кои ќе бидат во функција на административен простор за потребите на водење и менаџирање на просторот на Занаетчискиот Дом.

Клиент: Општина Куманово
Локација Куманово
Завршено на: /
Изведувач: Бонор Инженеринг

Останати проекти