Услуги

Контактирајте не
Услуги

Инженеринг и изведба

Компанијата ги поседува сите потребни лиценци за Изведување на објекти од различни категории. Воедно, поседува лиценца Ц за изведувач на објекти од трета категорија, лиценца Д за изведувач на објекти од четврта категорија и Лиценца Е за изведувач на објекти од петта категорија, врз основа на член 15 став 5 од законот за градење (службен весник на РМ бр. 51/05 и 82/08).Согласно горенаведеното, фирмата е овластена за изведба на објекти, за што фирмата поседува и соодветна референца.

Инвестирање во станбени и станбено-деловни објетки

Компанијата инвестира во изградба на станбени и станбено-деловни објекти, на локации кои се во сопственост на компанијата или со процент на одстапка, договорен со сопственици на градежно земјиште.

Изработка на архитектонски проекти и урбанистички планови

Компанијата поседува лиценци за проектирање објекти од различни категории, како и лиценца за изработка на урбанистички планови.

Вршење енергетска контрола

Компанијата поседува лиценца за изработка на елаборати за енергетска ефикасност, вршење енергетска контрола и издавање сертификат за енергетски карактеристики на згради.

Ревизија

Компанијата има вработени кои поседуваат овластувања А и Б за вршење ревизија на проектна документација (службен весник на РМ бр. 51/05 и 82/08).За горенаведеното фирмата поседува и соодветна референца.

Потребни ви се квалитетни и достапни градежни услуги?