За Нас

За Нас

БОНОР ИНЖЕНЕРИНГ како компанија која делува во доменот на архитектурата и градежништвото е активна од 1991 година. Во текот на годините успешно работи на проекти од различен обем и карактер, вршејќи различни типови на услуги.

Компанијата има интердисциплинарен пристап во работата, од што произлегуваат бројните активности во градежниот сектор како изведувач на работи, вршејќи инженеринг, надзор, проектантски, дизајнерски и други консултантски и истражувачки услуги. За сите услуги што ги нуди фирмата поседува соодветни лиценци и овластувања за архитектите.

Интегралниот пристап во услугите кои ги нуди компанијата вклучува процес на оформување и реализација на идеја, која е продукт на интелектуалниот труд на стручни лица од различни области. Сето тоа резултира со висок квалитет на крајниот продукт.

Применувајќи аналитички пристап, работиме на создавање нови концепти каде посебно внимание се посветува на функционалноста, социјалниот аспект како и оформување на современ архитектонски израз.

Сите досегашни работи се изработени со висок квалитет и во зададените временски рамки.

Визија

  • Целта на компанија при делувањето во градежниот сектор е создавање на хумани и сигурни простори кои делуваат инспиративно на корисниците и нивното опкружување.
  • Во услови на градежна експанзија, кога станува пракса создавањето на нехуман  простор за живеење и делување и кога станува секојдневие појавувањето на проблеми од имотно-правен карактер  при реализирање на купопродажни договори, нашата компанија креира политика на безбедни трансакции и на своите клиенти им нуди сигурност.
  • НИЕ ГО КРЕИРАМЕ ПРОСТОРОТ

Потребни ви се квалитетни и достапни градежни услуги?